10 кето намирници кои мора да ги имате на својата листа за купување
Кога практикувате одреден режим на исхрана купувањето од пазари и маркети може да се претвори во вистински пекол од консултации со интернетот и читање декларации.
Конкретно за кето начинот на исхрана, потребно е да знаете дека се заснова на масти и на намалување на јаглехидратите, па купувањето некогаш е неуспешна мисија и повторно завршувате со празен фрижидер.
Поради тоа, следете ја оваа листа на намирници и секогаш ќе имате најразлични комбинации на оброци:
Авокадо
Авокадото е можеби најсоодветниот продукт за кето исхраната, бидејќи содржи во најголем дел масти и занемарлива количина јаглехидрати.
Лиснат зеленчук
Количината на листест зеленчук не е како во другите планови за исхрана, но сепак треба да го вклучите и во кето диетата. Можете да ги комбинирате во одлични салати заедно со авокадо, тиквички, целер, брокула и карфиол.
Конзервирани сардини
Иако не се идеална намирница, поради самата количина на омега 3 масни киселини, протеини, а и маслото во кое се комбинирани, конзервираните сардини се добри за кето диетата.
Лосос
Ако не сакате сардини, заменете ги со свеж лосос. Исто така, можете да комбинирате и туна во оброците.
Маслиново масло
Маслиновото масло користете го како зачин на салатите и другите оброци кои ги подготвувате. Обидете се да не готвите со него, бидејќи кога е термички обработено, ги губи хранливите карактеристики.
Крекери со ленено семе
Ако ви треба нешто крцкаво за ужина, купете крекери од ленено семе. Внимавајте на зачините кои се користени при производството. Можете да ги користите како основа за авокадо-тост или наместо крутони во салата.
„Шарени“ парчиња месо
Бидејќи мастите се основа на кето диетата, не мора да барате „посни“ парчиња месо. Секако месото го јадете во помала количина, така што не е лошо да има и мрсни делови во него.
Путер од бадеми
Чист путер од бадеми е спас кога ви треба брза енергија. Можете да го јадете со зеленчук или со крекерите од ленено семе.
Кисела павлака
Киселата павлака е масна и е една од ретките млечни намирници кои можете да ги консумирате за време на кето режимот. Внимателно читајте ги декларациите и одберете ја павлаката со најмалку јаглехидрати.
Шумско овошје
Малините, капините, боровинките и рибизлите се овошја кои ако се јадат во разумна количина (една полна чаша дневно), не влијаат врз резултатите на диетата, а обезбедуваат доволно витамини и антиоксиданси.
Е. Д. | Црнобело