8 видови храна и зачини кои ќе ви помогнат да закрепнете од мрсните и слатки јадења
Празниците конечно завршија. Оставени сме со празни паричници, но полни стомаци.
Доколку многумина од вас се чувствуваат непријатност во сопствената кожа, без енергија и прилично поспани и мрзоволни, одговорот е едноставен – прејадени сте и тоа со погрешните видови на храна.
Што треба да консумирате со цел да го исчистите организмот од сите натрупани масти и шеќери?
Сладок компир
„Здравиот братучед“ на обичниот компир е богат со влакна, витамин А и Ц, калиум антиоксиданти и други здрави хранливи состојки. Без разлика дали ќе го испечете или сварите, слаткиот компир е неверојатно вкусен и може да го вметнете во кој било оброк од денот. Вкусот потсетува на комбинација од тиква и костен.
Темен, лисест зеленчук
Спанаќ, кељ, брокули, магдонос, рукола или преведени како цинк, калциум, железо, магнезиум, витамин Ц и влакна. Имаат потенцијал да го намалат ризикот од хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес тип 2.
Цвекло и трупка
Ја зголемуваат енергијата и го намалуваат крвниот притисок. Цвеклото е особено корисно за редуцирање на болката предизвикана од артритис, а помагаат и во губењето на телесната тежина. Доколку не можете да го јадете варено, печено или како свежа салата, слободно направете си смути.
Куркума
Златниот индиски зачин придонесува за неверојатен вкус во јадењата, но има и бројни медицински придобивки. Доволна е дневна „микро доза“ од куркуминот, активната состојка на зачинот кој се одликува со антиоксидациски и антивоспалителни карактеристики.
Слично како и ликот, и куркумата помага во смалување на болката во телото.
Путер од кикиритки
Иако најчесто се категоризираат како јаткасти производи, кикиритките се всушност зрнести, како што се гравот, леќата и грашокот.
Богати се со витамин Б, минерали, протеини и влакна. Путерот од кикиритки оди одлично во комбинација со банана, црн леб, јаболка или како додаток во овошно смути.
Авокадо
Со богата, кремава текстура која одлично се вклопува во солени и слатки јадења, авокадото е најпаметниот избор кој може да го направите за сопственото здравје.
Богато со „добрите“ моносатурирани масти во коишто доминира олеинската киселина која се поврзува со намалување на воспалителните процеси во организмот, авокадото исто така содржи и влакна, витамини и минерали кои одлично се справуваат со срцеви заболувања, дијабетес и одредени тумори.
Ѓумбир
Коренот кој се одликува со лут вкус помага со мачнините и болката предизвикана од воспаленија. Може да се консумира свеж или пак сушен во прав, во вид на масло или цеден сок. Додадете малку ѓумбир во сокот, смутито, салатата, сосот, супата или чајот, нема да зажалите.
Лук
Лукот е едноставно неверојатен. Неверојатно ароматичен, би рекле некои, но кога ќе ги дознаете сите позитивни придобивки од неговото консумирање ќе одлучите дека сепак подобро е да го јадење.
Богат со витамин Ц и Б6, освен што е одличен за снижување на притисокот и се бори против воспаленијата, тој е и лек за кожата, косата, исеченици или надразнет стомак.
(О)Милена | Црнобело