5 видови храна кои предизвикуваат анксиозност и несоница

Пред да посегнете по суплемент за полесно заспивање, запрашајте се што денеска имаше во вашата чинија?

5-vidovi-hrana-koi-predizvikuvaat-anksioznost-i-nesonica-01.jpg

Ако страдате од паника секогаш кога треба да си легнете, дури и кога сте пробале на секаков начин да го намалите стресот, преостанува уште само да видите што од храната влијае врз тоа.

Лековите, па дури и оние на природна база, помагаат да се регулираат симптомите во одреден временски период, пред активните состојки да почнат да работат против вас. Затоа, почнете решенијата да ги барате во она што секојдневно го правите, а една од тие активности е и јадењето.

Кои видови храна и хранливи состојки ве прават анксиозни и не ви даваат да спиете?

Кофеинот

Претераните количини кофеин се докажан непријател кога се работи за паничните напади, зголемениот стрес и покачувањето на кортизолот.

Кога пиете кафе или друг пијалак со кофеин навечер, тогаш го нарушувате природниот циклус на спиењето. Него му се потребни 16 до 24 часа да го напушти вашето тело, па навечер, дури и утринското кафе сè уште има влијание врз вас.

5-vidovi-hrana-koi-predizvikuvaat-anksioznost-i-nesonica-02.jpg

Компири, домати, модар патлиџан, пиперки и гоџи бобинки

Овие пет намирници спаѓаат во една група на плодови кои важат за нарушувачи на сонот. Тие природно продуцираат пестициди со кои се борат против паразити, но и влијаат врз нервниот систем на човекот.

Токму тие гликоалкалоиди може да предизвикаат претерана стимулација на нервниот систем и да имате проблеми со спиењето. Ограничете го внесот на овие намирници во исхраната.

5-vidovi-hrana-koi-predizvikuvaat-anksioznost-i-nesonica-05.jpg

Алкохол

Алкохолот е уште еден докажан непријател на добриот сон. Во зависност од тоа колку вашето тело поднесува алкохол, може да се случи да ве буди ноќе, да ви биде претопло или престудено, а со тоа да ви го наруши и сонот. Доволна е само една пијачка за да ја влоши ситуацијата.

5-vidovi-hrana-koi-predizvikuvaat-anksioznost-i-nesonica-06.jpg

Ферментирана, чадена, отстојана храна

Тука спаѓаат сувомеснатите производи, саламите, пршутата, туршијата, киселата зелка, саламурено месо и друга храна која се конзервира и ферментира. До одредена количина овие производи може да бидат присутни во вашата исхрана, но доколку ги јадете премногу, ризикувате да ја нарушите работата на дигестивниот систем, на жлездите со внатрешно лачење, да бидете анксиозни и лошо да спиете.

5-vidovi-hrana-koi-predizvikuvaat-anksioznost-i-nesonica-04.jpg

Рафинирани јаглехидрати

Шеќерите, белото брашно и прашоците за згустување, сите овие спаѓаат во групата на рафинирани јаглехидрати. Ги има во сокот од портокал што го пиете наутро, во овошниот јогурт, во мислите и житариците, па затоа овие намирници лесно ве полнат со енергија. Но, во вашето тело ситуацијата е поинаква.

Инсулинот се „вивнува“ во многу високи количини, а интензивно се лачи и кортизолот (стрес-хормон), после што и спиењето и смиреноста се тешка активност.

5-vidovi-hrana-koi-predizvikuvaat-anksioznost-i-nesonica-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg