Листа на алкални намирници за да ја нормализирате pH вредноста во телото

Киселоста на организмот е причина за многу заболувања, меѓу кои и вишокот килограми, присуството на хеликобактер пилори во дигестивниот тракт и некои карциноми.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-01.jpg

Покрај препишаните терапии за заболувањата, пациентите треба и да внимаваат на исхраната. Кога pH-вредноста во телото е изразено кисела, треба да се направат значајни промени во исхраната и да се консумираат алкални и неутрални производи.

Најдоброто кај алкалните производи е што имаат малку калории и успешно може да се применат за губење на вишокот килограми.

Ова е листа на намирници кои треба да ги вклучите доколку сакате да го алкализирате телото:

Брокула, карфиол и зелка

Имаат малку калории, а се богати со растителни влакна и многу хранливи материи.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-05.jpg

Цитруси (портокал, мандарина, грејпфрут)

Имаат флавониди, витамин Ц и растителни влакна и иако имаат кисел вкус, во телото создаваат алкална средина.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-12.jpg

Краставица

Нискокалоричен зеленчук полн со вода и хранливи материи, кој треба да биде дел од вашите салати секојдневно.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-04.jpg

Шумски овошја

Брусницата, малината, капината, јагодите, боровинките и рибизлите се превкусни, а благодарение на витаминот Ц и хранливите материи се одлични за забрзување на метаболизмот.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-11.jpg

Ананас

Со само едно до две парчиња дневно ќе ја задоволите дневната потреба од магнезиум, калиум и витамин Ц и ќе му помогнете на својот имунитет да функционира онака како што треба.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-10.jpg

Јаболки и сливи

И двете овошја го забрзуваат метаболизмот и го олеснуваат празнењето на цревата, особено откако сте имале тежок и богат оброк.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-07.jpg

Репка и ротквица

Коренестите зеленчуци помагаат во регулирањето на нивото на шеќерот во крвта и природно ги разградува мастите.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-06.jpg

Диња

Дињата го поттикнува процесот на слабеење, а со помош на водата, витамините и останатите хранливи материи секогаш ќе бидете енергизирани.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-13.jpg

Банана

Иако бананата е исклучена од многу диети, всушност е одлична кога треба да практикувате алкална исхрана, бидејќи го регулира нивото на шеќерот во крвта.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-14.jpg

Тиквички

Поради комбинацијата на вода и хранливи материи, го регулираат нивото на вода и соли во телото, а ја подобрува и цревната перисталтика. Поради малиот број калории, можете да ја јадете секогаш кога ќе посакате.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-08.jpg

Модар патлиџан

Кога се испечени на скара и малку посолени, се одличен додаток во салати или како самостоен оброк со павлака или хумус.

23997.jpg

Пуканки

Една полна чинија пуканки е одлична нискокалорична ужинка која ќе ве засити, а нема да ве преполни со празни калории. Внимавајте само на количината сол која ја употребувате.

lista-na-alkalni-namirnici-za-vashata-sezonska-alkalizacija-na-teloto-09.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg