Кои јаглехидрати не смеете да ги исфрлите од исхраната?

Кога се зборува за јаглехидрати често помислуваме на леб, печива и десерти, но забораваме дека ги има и во здрави варијанти.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-01.jpg

Ограниченото внесување на јаглехидрати помага во брзи, но краткотрајни резултати на губење килограми. Сепак, кога се работи за долгорочен режим на исхрана, потребно е да бидат вклучени во оброците.

Навистина, слатките и печивата не се добри за нашата витка линија, но јаглехидратите кои потекнуваат од овошје, зеленчук или мешунки му помагаат на телото да ги апсорбира диеталните влакна и полесно да ги вари.

Затоа, колку и да сакате, никогаш не ги исфрлајте од исхраната следниве извори на јаглехидрати:

Целите житни зрна

Јачмен, овес, 'рж, кафеав ориз, киноа, хељда, секогаш е подобро да ги јадете сварени или отстоени во вода, наместо да купувате житни снегулки.

Житариците имаат доволно хранливи материи за да ве држат сити до следниот оброк.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-02.jpg

Грашок, грав, леќа и други мешунки

Мешунките се одлични како додаток во чорби, салати или тестенини. Богати се со витамини, минерали и протеини, како и со здрави јаглехидрати.

Помагаат во заштита на телото од воспаленија и инфекции.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-03.jpg

Компири и слатки компири

Иако имаат различни нутритивни вредности, за обичниот и слаткиот компир заедничко е тоа што се богати со витамини А и Б6, растителни влакна и јаглехидрати.

Единствено, треба да се внимава да не се претера со изедената количина слатки компири, бидејќи навистина содржат повеќе јаглехидрати од обичните.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-04.jpg

Есенска тиква

Есенската тиква е богата со лутеин и природен шеќер, со протеини, магнезиум и калиум. Можете да ја јадете печена или како додаток на супи и чорби.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-05.jpg

Одредени видови овошје

Како што знаете, грозјето, бананите и јаболките се забранети во диетите за намалување и исфрлање на јаглехидрати во исхраната.

Но, вистината е дека за да одржите здрав баланс, потребно е да ги консумирате овошјата што ви се допаѓаат, во ограничени количини. Секогаш е подобро да ги јадете целите овошја, наместо да ги блендирате во каши и смутија.

koi-jaglehidrati-ne-smeete-da-gi-isfrlite-od-ishranata-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg