Грешки во кујна: Намирници кои не треба да ги миете со вода пред готвење
Ако имате навика сè што готвите да го миете со вода претходно, размислете уште еднаш пред да го направите тоа следниот пат.
Постојат неколку намирници кои никако не смеат да дојдат во контакт со вода пред да бидат зготвени. Некои го менуваат вкусот притоа, а други може да предизвикаат контаминација на кујнските површини.
Пилешко месо
Кога ќе го купите пилешкото месо, смеете само да го подготвите за готвење. Притоа, немојте да го миете под млаз вода, бидејќи капките кои се распрскуваат може да остават траги од салмонела на чистите кујнски површини.
Единствен исправен начин е да го подготвите месото и да го зготвите добро, на висока температура, за да се уништат потенцијалните бактерии.
Црвено месо
Дополнителната влажност на какво било парче црвено месо може целосно да го промени неговиот вкус. Затоа, слично како и за пилешкото месо, зачинете и ставете да се готви.
Салата купена од продавница
Ако купувате веќе подготвена салата, на која е назначено дека е измиена и дека може да се јаде веднаш, воопшто нема потреба да ја миете повторно.
Прво, непотребно ќе потрошите вода, а второ, тоа нема да ја направи салатата почиста.
Печурки
Освен вкусот, тие ја менуваат и структурата ако ги измиете со вода. По правило, печурките само се чистат со мека четкичка.
Секое нивно потопување во вода може да ги направи гумени и помалку вкусни.
Јајца
Многу луѓе ги мијат јајцата пред да ги сварат. За тоа апсолутно нема потреба, бидејќи при процесот на производство и пакување, пред да се спакуваат, јајцата се мијат.
Е. Д. | Црнобело