Како се справуваат со мамурлакот луѓето во различни земји низ светот?

Имате ли свој метод за борба против мамурлук? Можеби тоа е голема порција овошје или вкусен бурек и јогурт? Или пак, претпочитате да испиете кафе, а потоа и електролити и витамини?

kako-se-spravuvaat-so-mamurlakot-lugjeto-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-01.jpg

Низ светот, на многу места се отрезнуваат на слично вкусен начин како бурекот или хамбургерот, но има и такви кои применуваат бизарни рецепти, за кои тврдат дека функционираат.

Дознајте како луѓето низ светот се борат против мамурлукот:

Италија - кафе и бриош печиво или кроасан

По бурната ноќ исполнета со журки и алкохол, Италијанците седнуваат во омилениот бар и порачуваат силно еспресо и бриош, слатко печиво полнето со крем од ванила, чоколаден крем или со џем.

Грција - маслиново масло

А што друго би можело да се очекува од нив? Грците толку веруваат во маслиновото масло, што кога знаат дека одат на места каде се служи алкохол, земаат по една лажичка чисто, ладно цедено масло. Тоа, наводно, го спречува мамурлукот.

Шпанија - омлет со компири

Традиционалниот омлет со компири во Шпанија се нарекува фритата и е омилена закуска и на трезните и на пијаните. Ова јадење е солено и мрсно, но и доволно богато со протеини за да го смири организмот кој цела вечер бил изложен на алкохол.

izborete-se-protiv-mamurlukot-kako-shto-toa-go-pravat-vo-stranstvo-02.jpg

Канада - помфрит со сирење

Канадскиот рецепт против мамурлук е составен од крцкаво пржени компирчиња прелиени со топено сирење. Многу е важно компирите да се подготвени на начин што однадвор се крцкави, а внатре се меки и сочни.

Данска - клин со клин се избива

Тие веруваат дека најдобро решение против мамурлук е голема кригла пиво, којашто ја нарекуваат уште и „кригла која те враќа во живот“.

Јапонија - супа или зелен чај

Дури и кога претерале со саке, Јапонците стојат на тоа дека сè се решава со здрава храна, па така и нивната матна глава. Tие појадуваат мисо супа со школки, а потоа пијат по најмалку половина литар зелен чај.

izborete-se-protiv-mamurlukot-kako-shto-toa-go-pravat-vo-stranstvo-03.jpg

Бангладеш - кокосова вода

По долгата ноќ забавување и пиење, жителите на Бангладеш ја разбиструваат својата глава со кокосова вода, директно испиена од кокосот. Всушност, ова воопшто не е лош избор, со оглед на тоа што водата во кокосот е полна со калциум и други здрави хранливи состојки.

kako-se-spravuvaat-so-mamurlakot-lugjeto-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-004.jpg

Америка - бизарен луто-кисел коктел

Малку бренди, ворчестер сос, неколку капки табаско сос, бибер и една жива жолчка од јајце. Звучи доволно одвратно, но тие се колнат дека функционира совршено.

Австралија - јајца и сланина

Пржени јајца „на око“ и крцкава сланина е нешто што Австралијанците (а богами и ние) би го одбрале за брзо енергизирање на телото и надополнување на изгубените калории. 

kako-se-spravuvaat-so-mamurlakot-lugjeto-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-05.jpg

Тајланд - само здрави состојки

Нивните „пијани нудли“ се направени од оризова тестенина, соја сос, рибен сос, босилек, кромид и морски плодови и ладно светло пиво настрана. Се служи топло, па затоа и се верува дека го смирува надразнетиот дигестивен систем.

Русија - варијација на тема кафе

Русите подготвуваат коктел од кафе кој содржи и лимонов сок и шеќер. Можеби навистина функционира во бркањето на мамурлукот.

izborete-se-protiv-mamurlukot-kako-shto-toa-go-pravat-vo-stranstvo-04.jpg

Индонезија - кокос и само кокос

Традиционалниот каја тост се состои од леб, џем од кокос, прелив од кокос, шеќер, меко сварено јајце и путер. По желба, може да се употреби и бибер или соја сос.

Полска - солило од туршија

Вистина е дека солилото во кое се закиселуваат краставичките и другите зеленчуци е полно со електролити и витамини, но не секој пијан стомак може да издржи да испие цела тегла од него.

Кина - ориз со зачини

Кинезите по пијанство би земале нешто „лесно“, на пример сварен ориз, зачинет со кромид, лук и ѓумбир.

Монголија - Не пијте таму, никогаш!

Ако се најдете во Монголија, правете сè што сакате, но не се алкохолизирајте, бидејќи ќе ви понудат сок од домати со закиселени очи од овца.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg