Храна што смеете да ја јадете и доцна во ноќта без грижа на совест
Можеби веќе сте чуле, но можеби и сега првпат ќе дознаете дека постојат одредени видови храна кои нема да ве здебелат, ниту пак ќе ви го нарушат сонот, дури и да ги јадете на полноќ.
Ако сте од оние на кои им се случува да огладнат во „глуво доба“ од ноќта, па дури и да се разбудат од спиење поради глад, знаете колку пати сте морале да изберете дали да го послушате телото или сите оние статии во кои се тврди дека не треба да се јаде по 19 часот.
Успевате ли да одолеете на искушението? Добра вест е што можете и да си дозволите мала ужинка во текот на ноќта (доколку за тоа имате потреба), но мора правилно да ги изберете намирниците.
1. Нискомаслено сирење
Младото сирење или изварката содржат млечни протеини, малку масти и воопшто немаат сол. Можете да изедете парче од околу 50 грама со 2-3 солени интегрални крекери и да се вратите на спиење.
2. Топло млеко
Топлото млеко е стар рецепт за добар сон и освен што содржи корисни протеини и аминокиселини, влијае и психолошки, бидејќи уште од мали нè успивале со млеко во шишенце.
3. Овошје и јаткасти плодови
Едно јаболко и неколку ореви нема да ви наштетат, туку напротив, ќе ви пружат доволна количина на магнезиум за да имате подобар сон. Јадете само јатки или комбинирајте со некоја овошка, но внимавајте да не претерате со количините.
4. Овесна каша
Една порција овесна каша со млеко пред спиење ќе ослободи доволно серотонин, што ќе ги смири мислите и ќе можете полесно да заспиете.
5. Сок од вишни
Сокот од вишни е одличен за стимулирање на лачењето на мелатонин, кој го подобрува квалитетот на сонот. Пијте по една чаша сок преку денот и една навечер пред спиење.
Е. Д. | Црнобело