Како правилно да го намалите внесот на шеќер во исхраната?
Ако сте се решиле да ја намалите количината шеќер што ја внесувате, тоа никако не смеете да го направите нагло, бидејќи ниту тоа не е здрав начин.
Често се зборува дека шеќерот може да предизвика зависност, поради наглото подигнување на нивото на серотонин, па така и одвикнувањето од него може да биде прилично тешко. Затоа, следете ги овие совети, за полесно да можете да се ослободите од него и да стекнете здрави навики во исхраната:
Преполовете ја количината која ја ставате во кафето или чајот
На пример, ако ставате една лажичка во кафето, постепено намалувајте и ставете половина. По неколку дена ќе се навикнете, па можеби ќе можете да пиете кафе и чај без шеќер.
Исклучете ги газираните сокови целосно
Ако сте љубител на газирани сокови, обидете се да ги замените со сок од цеден лимон или портокал измешан со минерална вода. Речиси 25% од дневниот внес на калории се внесуваат преку засладените газирани или индустриски овошни сокови.
Мерете ги порциите
Ако сте љубители на десерти, торти, чоколади, бонбони или сладолед, не се откажувајте од нив, но за почеток, намалете ја количината и не земајте репете. По некое време ќе имате намалена желба за благо, без да имате промени во расположението.
Е. Д. | Црнобело