Вистината за јаглехидратите и нивната важност во исхраната
Кога сакаме да се храниме поздраво и да ги смениме навиките, инстинктивно ни доаѓа да се откажеме од јаглехидратите, односно од лебот, тестенините, но и од овошјата како банани, смокви, грозје или пак зеленчуците меѓу кои и морковот, компирот, грашокот и боранијата.
Меѓутоа, имајте на ум дека наглото исфрлање на одредени видови храна од секојдневната исхрана воопшто не е здраво, напротив, може да биде и доста штетно. Јаглехидратите се важни, бидејќи тие даваат енергија на вашето тело. Особено не смеете да се откажете од нив доколку редовно спортувате. Секогаш е подобро да јадете леб, тестенини, ориз или компири, наместо да ги замените со индустриските диетални производи.
На друг начин кажано, обидете се во исхраната да ги задржите и доматите и леблебијата и боранијата, односно сите природни извори на таканаречените добри јаглехидрати. Тие производи, меѓу другото, содржат и важни хранливи состојки и минерали, нешто што индустриски преработените шеќери го немаат. На сметка на тоа, имаат големи количини рафиниран шеќер и засладувачи, кои се далеку полош избор отколку порција тестенини.
Кога е најправилно да се консумираат јаглехидрати?
Она што малкумина го знаат е дека оброкот богат со јаглехидрати е најдобро да се консумира за појадок или за ран ручек (најдоцна до 14 часот), кога метаболизмот е побрз, споредено со попладневните часови. На овој начин ќе успеете да ги согорите во текот на денот.
Истото важи и доколку вежбате. Најдобро е да имате оброк богат со јаглехидрати пред тренингот, бидејќи тогаш ви е потребна повеќе енергија, наместо да надоместувате со калоричен оброк по вежбањето.
Е. Д. | Црнобело