Што никогаш не би нарачале вработените во рестораните?
Ја имате следнава сцена: седите во ресторан, пред вас има мени со преку 100 опции за храна и пијалаци.
И додека вие би нарачале сè што ви се нуди, бидејќи изгледа превкусно, вработените имаат поразлично мислење.
Тие ја знаат ситуацијата во кујната, состојките кои се користат, дали тие се свежи или само се загреваат и уште ред други „тајни“ кои не би смееле да им ги откријат на гостите.
Но, затоа смее да им откријат што никогаш не би нарачале како гости?
„Супа. Секогаш се подготвува во големи количини навечер и утредента само се топли.“
„Коктели декорирани со овошје. Овошјето како лимон, портокал, јаболка или лимета речиси никогаш не се мие.“
„Ништо не би нарачал во локал чие мени е подолго од 8 страни. Тоа значи дека храната таму е однапред подготвена, па само се загрева и се сервира.“
„Вегетаријанска пица. Работам во пицерија, па знам дека иако во пицата нема месо, има сос кој содржи згуснувач, кој се прави од животинска маст.“
„Газиран сок со мраз. Мразот е голем проблем.“
„Било што со риба. Ако не е доволно добро термички обработена, сами се ставате во ризик.“
М. Д. | Црнобело