Една работа која треба да ја направите со јаготките за подолго да останат свежи
Јагодите се веројатно највкусното и најсочно овошје кое го обожаваме кога топлите денови ќе почнат. Но, сите знаеме дека е невозможно да земеме големи количини кои во фрижидер ќе траат со денови.
Па, наместо секој ден да купувате по неколку свежи плодови, искористете го овој трик.
Штом купите нова тура јаготки, пред да ги ставите во фрижидер, направете едноставна постапка која ќе им го продолжи рокот и свежината:
- Бел оцет
- Вода
- Голема цедалка
Измешајте половина шолја оцет во 2 ипол шолји вода.
Потопете ги јагодите во мешавината неколку минути. На овој начин ќе се ослободите од сите ситни бактерии кои предизвикуваат свежината на јагодите да исчезне брзо.
Исплакнете и исушете ги јагодите во голема цедалка за тестенини, па потоа наредете ги на хартија или крпа која ќе ја впие влагата.
Добро исушени, ставени во соодветен стаклен сад, сигурно ќе издржат неколку дена плус.
Исто така, од клучно значење е да ги исчистите веќе скапаните плодови, за и останатите да не се расипат.
М. Д. | Црнобело