3 намирници во ручекот заради кои се чувствувате поспано и мрзливо
Ако редовно ве фаќа мрза и поспаност по ручекот, не сте единствени, но очигледно самите сте виновни за оваа појава која ве мачи.
Ручекот е најдобро да го консумирате помеѓу 12 и 13 часот попладне, а ако го одложите за подоцна, поголеми се шансите да почувствувате глад, па да посегнете по пржена и мрсна храна.
Доколку ручате на работното место, знаете колкав проблем може да претставува заморот и поспаноста кои ги чувствувате потоа.
Затоа, најдобро е да ручате една од следниве опции:
1. Сендвичи со пилешко, јајца, туна, сирење или печено говедско месо
2. Тестенини од житарки од цело зрно
3. Свежи салати
4. Риба
5. Супа
6. Салата од кус-кус
7. Мешунки
Следните 3 намирници никако не ги вклучувајте, бидејќи предизвикуваат пад на енергијата:
1. Пржени компири
2. Кравјо млеко
3. Путер од кикирики
М. Д. | Црнобело