Како правилно да ја чувате храната за да не ви се расипува брзо?
Сигурно ви се случило да сфатите дека некогаш купувате големи количини на храна кои не можат долго да издржат без да се расипат.
Ако ви е преку глава од неиспланираната количина на храна која се купува во домаќинството и вишокот кој се расипува и фрла, има решение и за вас.
Најважен е начинот на кој се чуваат намирниците во кујната, бидејќи постојат неколку трикови со кои тие ќе траат подолго без да се расипат.
Погледнете некои од најефективните начини за складирање со кои ќе го намалите фрлањето расипана храна:
Направете си сами вакуум кеса
За да не се фаќа мраз на месото кога го замрзнувате, ставете го во кеса за сендвич без да го затворите крајот и нежно спуштете ја во вода.
Потоа затворете ја целосно кесата и ставете ја во замрзнувач.
Не го чувајте лебот во фрижидер
Ако сакате лебот подолго да ви трае, не го ставајте во фрижидер бидејќи така побрзо се суши.
Наместо тоа исечете го на парчиња и ставете го во пластични кеси, а потоа оставете го во замрзнувач.
Така нема да се исуши кога ќе се одмрзне и ќе стои многу подолго.
А, за лебот да стои подолго на собна температура, ставете парче целер во кесата и затворете го убаво.
Замотајте го зелениот зеленчук во крпа
Ако сакате зеленчукот да ви стои подолго, пред да го ставите во фрижидер, замотајте го во кујнска крпа која ќе ја собира влагата која е причина за скапување.
Или пак, ако ви е исечкана салатата, ставете ја во сад и покријте ја одозгора со крпа пред да ја ставите во фрижидер и да ја послужите.
Не ги чувајте јајцата на вратата од фрижидерот
На вратите од фрижидерот има посебни отвори за јајцата, но сепак тоа не е добар начин на чување за долгорочен план.
Вратата е топла зона, плус тој дел е изложен на постојано менување на температурата заради отворањето и затворањето на вратата.
Затоа чувајте ги јајцата во кутиите со кои ги купувате и ставете ги подлабоко во внатрешноста на фрижидерот.