Навики кои треба да ви станат начин на живот за да имате идеално тело без држење диети
Според Светската здравствена организација, во последните 40 години, бројот на луѓе кои се соочуваат со прекумерна тежина е речиси трипати поголем.
Скоро секој 4-ти жител на планетата над 17 години има прекумерна тежина, па не е ни чудо што луѓето сè повеќе се опседнати со диети.
Но сепак, има и такви кои немаат потреба од строги диети, па нема потреба да си го исцрпуваат телото.
Доволно е само да стекнат некои редовни навики кои ќе им помогнат да останат во добра форма и да се ослободат од вишокот.
Неколку интересни начини за слабеење без гладување, на кои не секој би се нафатил:
Стегнете го телото
Кога одите некаде на ручек или вечера, облечете облека на која може да заврзете машна или колан околу половината.
Кога ќе почувствувате дека почнува да ве затега, време е да завршите со оброкот. Овој едноставен, но корисен трик ќе ви помогне да не се прејадувате.
Пијте од високи чаши
Голем дел од калориите во нашето тело се внесени преку пијалаци, а не преку храна. На пример, во чаша сок може да има околу 120 калории и 20 грама шеќер.
Оваа количина може да се намали со помош на правилни садови. Трикот лежи во тоа што во високите и тенки чаши ставаме во просек по 20-30% помалку течност отколку во широките.
Јадете со тајмер
Едноставно е – брзото јадење може да доведе до прејадување, бидејќи мозокот нема време да прими сигнал дека сте најадени.
Па, кога јадете, ставете тајмер на 20 минути и обидете се да уживате во секој залак.
Топла купка
Топлата вода не само што ве релаксира, туку и влијае на намалувањето тежина, според научниците.
Откриено е дека за 1 час топла купка може да се согорат 130 калории, исто колку 30-минутна прошетка.
А, нивото на шеќер во крвта после топла купка е за 10% помало – одлични бенефити.