Намирници кои секоја трудница треба да ги има на своето мени
Популарното верување дека трудницата треба да јаде за двајца со тек на времето се покажало како неточно. Напротив, важно е да се задржи навиката за консумирање на балансирани оброци, богати со хранливи намирници.
Следниве продукти ќе помогнат и вие да останете здрави во текот на бременоста, но и да му овозможите на вашето бебе да ги зема сите потребни хранливи материи за време на гестацискиот развој.
Леќа - богата со фолна киселина која помага во развојот на нервниот систем на плодот. Исто така, овозможува полесно празнење на цревата.
Јајца - може да се јадат во сите облици, но најважно од сè е да бидат целосно термички обработени, за да се избегне труење со салмонела, кое во текот на бременост може да биде фатално.
Бадеми - непечениот бадем е богат со железо, витамин Е, здрави масти, калциум, манган, магнезиум, цинк, омега 3. Важно е да се напомене дека само неколку бадеми може да ги олеснат стомачните тегоби.
Јогурт - благодарение на млечните бактерии и калциумот, јогуртот делува благопријатно врз дигестивниот систем, но и ја намалува или спречува појавата на здодевната кандида која се јавува кај голем број трудници.
Мешунки (грашок, грав, боранија) – Консумирајте ги умерено поради можноста да направат стомачни тегоби, но никако не ги исклучувајте од исхраната, поради тоа што се богати со протеини, фолати и калциум.