Корисни трикови: Како никогаш повеќе да не фрлате храна?
Иако има некои кои не ги засега овој проблем, сепак поголем дел од луѓето не сакаат да ја фрлаат вишокот храна која ќе им остане.
Доколку не го почитувате фрлањето на храна, но сепак, не знаете што да правите со неа, постојат начини да ја „спасите“.
Наместо да одите да купувате нови јадења, искористете ги старите и дајте им нов живот.
Трикови и совети кои ќе ви бидат од корист во такви ситуации:
Направете колачиња од кашата за појадок
Кашата која ќе ја подготвите за појадок во поголеми количини, не останува иста ако ја оставите неколку часа.
Па, ако не ги испланирате порциите добро и ви остане вишок, не ја фрлајте.
Додадете млеко, јајце, маслиново масло, шумско овошје, сол и шеќер по вкус и малку чоколадо. Од смесата испечете колачиња со облик по ваш избор.
Додадете ги останатите печурки и зеленчуци во супа
Ако имате печурки кои ви стојат подолг период и мислите дека нема да издржат, измешајте ги заедно со морков, кромид, компир и други зеленчуци и зачини по избор и направете супа.
Од сувиот леб направете печени грисини
Наместо да го фрлате стариот и сув леб, зачинете го по желба и запржете го во малку зејтин, ќе добиете вкусни грисини.
Остатоците од кремот претворете ги во чоколаден пијалак
Кога во теглата ќе остане крем на краевите што не може да го искористите, не значи дека треба да го фрлите. Ако не може да се намачка на леб, може да се направи пијалак.
Истурете топло млеко во теглата, по желба може да додадете и малку какао, измешајте добро и истурете во чаша, а одозгора декорирајте со шлаг.