Водич како да избегнете мамурлак: Намирници кои треба да ги консумирате пред алкохолот
Новогодишните прослави ретко за кого нема да предизвикаат мамурлак следното утро по забавата со алкохол.
Тоа искуство на никого не му е пријатно и сите би посакале да го прескокнат, но не се подготвени да се откажат од алкохолот.
За среќа, не мора да го прават тоа, бидејќи постои решени и за мамурлакот да се спречи, само треба да се потрудите да консумирате одредена храна пред алкохолот.
Совети од нутриционистка кои ќе ви помогнат да го избегнете мамурлакот:
Пијте цел ден зелен чај
Зелениот чај е одличен за црниот дроб, па така најдобро ќе го подготвите телото за алкохол доколку пред прославувањето испиете неколку шолји топол зелен чај.
Голема чаша вода пред да излезете
Можеби ова звучи премногу банално за да биде сериозен совет, но доколку дехидрирате во текот на денот, вечерта може да се случи и една чаша алкохол да ве опие. Затоа пред да излезете, исцедете лимон (одличен за црниот дроб) и истурете го во голема чаша вода.
Задолжително јадете пред да пиете алкохол
Ако планирате да се опуштите малку повеќе со алкохолот, не смеете да си дозволите да го прескокнете последниот оброк пред пиењето, бидејќи доколку пиете на гладен стомак, мамурлкот ќе си го направи своето следниот ден.
Оброкот нека биде богат со масти
Масната храна подолго ќе се задржи во вашиот стомак и ќе ве држи сити, а исто така и ќе овозможи алкохолот побавно да стигне до вашата крв и со тоа шансите за мамурлак следниот ден се помали.
Лососот, авокадото и јаткастите плодови се богати со масти и не се тешки за организмот, па ќе ви помогнат при намалување на главоболката следниот ден.
Внесете храна и состојки кои се добри за црниот дроб
Додадете куркума, цимет, брокула, авокадо и лимон во вашите оброци во текот на денот и црниот дроб ќе ви биде благодарен, а вие полесно ќе го пребродите мамурлакот следниот ден.
Ако немате време да вечерате пред излегување, земете маслинки и ореви
Овие намирници се богати со витамин Б, а тоа ви е многу потребно бидејќи со пиењето алкохол се создава негов недостаток.
Ако не сакате да се чувствувате подуено...
Избегнувајте да мешате алкохол со газирани и благи пијалаци. Исто така, немојте да пиете алкохол на празен стомак бидејќи и тоа создава надуеност и мачнина. Внимателно бирајте ги пијалаците и најважно, не ги мешајте.
М. М. | Црнобело