Трикови за исхрана кои балерините ги користат за да останат витки, а здрави
Балерините немаат лесна професија и мора да исполнуваат многу стандарди за да може да го работат она што го сакаат. Еден од тие стандарди е и да бидат „лесни како пердув“.
Како им успева да ја задржат витката линија засекогаш? Имаат 8 основни трикови.
Може да ги искористите и вие, меѓутоа без претерување, бидејќи нема потреба да си задавате екстремни критериуми.
1. Преполовете ги порциите
Без да држите строги диети, доволно е оброците од длабока чинија да ги преполовите во длабока шолја.
2. Не се плашете од јаглехидрати
Тие се извор на енергија, па не би требало целосно да ги исфрлите. Во спротивно, може да почувствувате замор и тресење на телото.
3. Поделба на протеини
За да го олесните варењето на храната, не ги мешајте протеините во еден оброк, туку поделете ги според потеклото: риба, месо, јајца или млечни производи.
4. Разводнете ги пијалаците
На пример, ако сакате да испиете чаша млеко, во неа ставете коцка мраз. На овој начин разводнувањето на пијалаците помага тие полесно да се сварат, но и не ви го дујат стомакот.
5. Почесто одбирајте азиски специјалитети
Азиската кујна не содржи нездрави масти и додатоци, бидејќи се подготвува од претежно свежи состојки како зеленчуци, печурки, морска храна, чисто месо и алги.
6. Вкусните оброци не мора да ги ставите на црна листа
Со мали измени, понекогаш може да се почестите со хамбургер. На пример, ќе го наполните со зеленчук наместо додатоци како кашкавал и сланина. Пржените компирчиња заменете ги повторно со салата.
7. Строги правила за пиење вода
Не е важна само количината која ја пиете, туку и времето кога пиете вода. Балерините никогаш не пијат вода за време на јадењето, туку 30-тина минути подоцна, за да си го олеснат варењето.
8. Доволен е 1 ден за чистење во 2 недели
Не претерувајте и со детоксикацијата. Кога ви треба брзо решение за експресно слабеење, може да се потпрете на 24-часовната детоксикација, но не смее да ја практикувате почесто од еднаш во 2 недели.
Пример мени за 1 ден:
- Појадок – 1 чаша сок од домати
- Ручек – 2 чаши сок од домати и 1-2 парчиња црн леб
- Вечера – 1 чаша сок од домати
М. Д. | Црнобело