14 продукти што треба да ги консумирате ако сакате да се здебелите

Јајцата, млекото, месото, рибата, темното чоколадо се дел од производите што се препорачливи.

 14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-01.jpg

Повеќето луѓе имаат проблем со вишокот килограми, но сепак постојат и такви кои мака мачат да качат некој килограм.

Диети знаеме тон, но ајде да видиме што можат да сторат преслабите момци и девојки за да ја доведат својата тежина во нормала.

Тие што сакаат да го зголемат внесувањето на калории, а со тоа да качат и килограми, треба да ги консумираат овие продукти:

Протеините ќе ви ја зголемат силата и тежината едновремено. Ако не сакате суплементи, тогаш сами направете си смути со банани, чиа, ленено семе итн.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-01.jpeg

Млекото е добар избор поради калциумот, но и протеините, мастите и јаглените хидрати.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-02.jpeg

Ориенталната храна, која е мешавина од разни продукти, богата со зачини, ќе ви помогне да се здебелите.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-03.jpeg

Неколку пати на ден грицкајте јаткасти плодови. Вкусни и здрави, тие се одличен избор.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-04.jpeg

Путерот од кикирики или бадеми е одличен за појадок.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-05.jpeg

Црвеното месо е задолжително во вашето дневно мени. Содржи амино киселини потребни за градба на мускулите.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-06.jpeg

Компирите и оризот се евтин начин за качување килограми. Тие се богати со калории.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-07.jpeg

Масната риба, како лосос и сардини, содржи омега 3-масни киселини и е одлична за телото.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-08.jpeg

Сушеното овошје е одличен начин за снабдување со хранливи состојки и антоксиданти.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-09.jpeg

Иако на лебот гледаме како на непријател, лебот од цели зрна е препорачлив затоа што ве снабдува со јаглени хидрати.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-10.jpeg

Консумирањето на вистинските житарици, не оние преполни со шеќери, ќе ве обезбеди со влакна и витамини.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-11.jpeg

Млечните чоколади се вкусни, но темните чоколади треба да бидат вашиот избор. Изберете такви кои во составот имаат повеќе од 70% какао.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-12.jpeg

Сирењето и кашкавалите се добар извор на протеини, калории и масти, плус имаат одличен вкус. Се разбира, ако сакате да качите килограми, а не ако сте на некој строг режим со тренинзи.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-13.jpeg

Јајцата се меѓу најздравите продукти за исхрана. Тие влијаат добро на срцето и нивото на холестерол, а и ќе ви помогнат да се здебелите.

14-produkti-shto-treba-da-gi-vnesuvate-ako-sakate-da-se-zdebelite-14.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg