7 намирници што треба да ги консумирате за да го подобрите видот

Не, не е мит дека јадењето моркови ќе придонесе за здравјето на вашите очи.

7 namirnici koi treba da gi konsumirate za da go podobrite vidot 01

Морковите, поради содржината на бета каротен, го подобруваат вашиот вид.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-02.jpg

Еве кои намирници треба да ви бидат на дневното мени ако сакате да го подобрите здравјето на вашите очи:

Лисест зеленчук

Лисестиот зеленчук е добар за вашето здравје на секој начин, па и здравјето на очите не е исклучок.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-03.jpg

Цитрусно овошје и бобинки

Цитрусното овошје и бобинките се богати со витамин Ц. Покрај што е добар за имунитетот, витаминот Ц е одличен за намалување на ризикот од катаракта и макуларна дегенерација.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-04.jpg

Риба

Масните риби, како лосос, сардина и туна, се богати со омега-3 масни киселини, кои можат да помогнат во заштитата од катаракта и макуларна дегенерација.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-05.jpg

Јајца

Јајцата, не се само одличен извор на протеини, туку се и одлични за здравјето на очите. Содржат витамин А, кој помага за спречување на појавата суви очи и ноќно слепило. Го содржат и антиоксидансот лутеин, кој ги штити очите.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-06.jpg

Јаткасти плодови

Бадемите, оревите и другите јаткасти плодови се полни со омега-3 масни киселини и витамин Е.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-07.jpg

Грав/леќа

Гравот и леќата обезбедуваат цинк и биофлавоноиди во телото. Можат да помогнат во намалување на ризикот од катаракта, макуларна дегенерација и заштита на мрежницата.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-08.jpg

Остриги

Цинкот кој го има во остригите помага во забавување на макуларната дегенерација.

7-namirnici-koi-treba-da-gi-konsumirate-za-da-go-podobrite-vidot-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg