Храна и пијалаци што ви предизвикуваат несоница
Пица, тестенини, житарки се само дел од продуктите што не треба да ги консумирате навечер.
Нема ништо полошо од заспивање со празен стомак, кога си велите дека ако каснете нешто треба повторно да ги миете забите. Сепак, мора да признаете дека храната понекогаш победува.
Грицкањето во времето за спиење сепак може да предизвика несоница, па добро внимавајте со што ќе го задоволите вашиот апетит.
Избегнувајте ги овие видови храна и пијалаци ако не сакате да останете будни цела ноќ:
Чоколадо
За малку работи ви треба толкава моќ, како моќта што ви треба за да се изборите со желбата да каснете малку чоколадо пред спиење.
Но, чоколадото не само што е полно со шеќер, туку често е и скриен извор на кофеин, па избегнете го освен ако не сакате да го одложите малку спиењето.
Тестенини
Јадење тестенини ноќта пред голем настан е ритуал познат како снабдување со јаглехидрати.
Јаглехидратите во тестенините се одлични ако се обидувате да ја зголемите силата на вашите мускули пред маратон или некој настан за кој ви треба кондиција и издржливост. Но, ако не сте екстремно физички активни, тие внесени јаглехидрати пред спиење нема да се согорат и бргу ќе се претворат во сало.
Пица
Пицата не е идеална закуска пред спиење од истите причини како и тестенините. Покрај сето сирење и маснотиите, таа е дури и уште полош избор.
Тешка е за варење, па сета таа акција во организмот може да ве држи будни цела ноќ.
Црвено месо
Црвеното место можеби е вкусно, но не се препорачува како закуска пред спиење.
Може нема да се сетите да земете парче месо доцна навечер, но понекогаш ќе бидете во искушение со остатоците од ручекот. Подобро сочувајте го за наутро бидејќи протеините од црвеното место ќе ви го активираат стомакот и ќе ве држат будни.
Чипс
Малку работи се попривлечни од ќесе солен, крцкав чипс.
Но за жал чипсот е штетен во кое било време од денот, но особено навечер. Солта ќе го дехидрира вашето тело, па ќе станувате по чаша вода.
Сладолед
Сладолед пред спиење не е паметна идеја.
Телото не може да согори толку многу голема количина на шеќер пред да си легнете, па ќе го претвори во сало.
Житарки
Житарките се сметаат за утринска храна и тоа со добра причина.
Појадокот е добро да е богат со јаглехидрати и шеќер бидејќи го имате цел ден пред вас за согорување, но житарки навечер не е добра идеја.
Алкохол
Алкохолот нé прави поспани, но исто така и го прекинува квалитетниот ноќен сон.
Алкохолот ги предизвикува алфа и делта активностите во нашиот мозок и кога овие видови на бранови се еден против друг, го прекинуваат сонот.
Кофеин
Веќе сигурно знаете дека шолја кафе пред спиење не е добра идеја, но можеби не знаете дека е добро да го избегнувате дури и шест часа пред да појдете во кревет.
Едно истражување покажа дека со пиењето кафе помалку од шест часа пред да си легнете губите еден час сон. Кај постарите луѓе, процесот е полош бидејќи подолго го преработуваат кофеинот.
С. С. | Црнобело