7 факти кои сите љубители на кафе треба да ги знаат
Има многу голем број на луѓе кои пијат кафе во огромни количини и не можат да си го замислат денот без него.
Секако, многупати сме слушале дека кафето може да биде штетно и дека не треба да се претерува, но сега имаме и друга страна на тоа.
Всушност, докажано е дека кафето и не е толку лошо, па дури и има предности.
Прочитајте ги овие неколку факти ако сте „зависни“ од кафе:
Ја зголемува активноста на мозокот
Не е тајна дека кафето може да помогне да се сконцентрирате и ја забрзува реакцијата на човекот.
Но, кафето со шеќер може да ве направи генијалец, бидејќи комбинацијата на кофеин и глукоза ги активира посакуваните области во мозокот.
Во секој случај, не пијте кафе на празен стомак, бидејќи може да настане спротивен ефект.
Го зголемува притисокот
Шолја кафе може да го крене крвниот притисок што е одлично за оние кои имаат постојано низок притисок. Секако, оние кои патат од висок притисок и тахикардија, треба да го избегнуваат.
Го зајакнува имунитетот
Консумирањето на кафе го намалува ризикот на рана смрт, но оптималната количина е 3 шолји дневно.
Тоа е така поради тоа што кафето ја менува работата на имунолошкиот систем и го прави поактивен и здрав, а исто така го зајакнува и црниот дроб и срцето.
Обидете се да пиете природно и свежо кафе без многу додатоци кои се ветштачки.
Помага против главоболка
Кофеинот кој е содржан во природното кафе може да помогне да се ослободите од главоболки и мигрена. Но тоа не значи дека е целосна замена за аналгетици.
Делува како антидепресив и ослободува од стрес
Ослободувањето од стрес зависи од ослободувањето на допамин и серотонин кои предивикуваат добро расположение. Само една шолја кафе, а некогаш дури и неговиот мирис може да помогнат да се опуштите.
Кофеинот го стимулира нервниот систем, а константната стимулација го спречува од депресии. Овој ефект е можен само со кофеинот од кафето.
Ја подобрува меморијата
Истото што помага за подобрување на расположението и концентрацијата, го подобрува и памтењето. Секако, зборуваме за краткотрајна меморија.
Но, сепак е добро и тоа, бидејќи сите информации се чуваат во краткотрајната меморија а по 1 час во идеални услови, нашето знаење се претвора во долготрајна меморија.
Губење килажа
Вашиот сон изгледа дека станува реалност, бидејќи кафето може да помогне во намалувањето на тежина. Ниското ниво на хормонот лептин во телото води до качување тежина, а кофеинот ја зголемува неговата концентрација. Секако, ова не функционира како диета, но колку-толку помага.
М. М. | Црнобело