Совети за готвење: Здрави алтернативи на нездравите преливи и сосови
Се чини дека преливите и сосовите како што се кечап и мајонез не играат голема улога во исхраната, но многу луѓе ги консумираат повеќе отколку што се свесни.
Затоа е важно секогаш да обрнете внимание што содржат преливите и сосовите во салатите, сендвичите и месото што ги јадеме. Најдобро би било овие намирници да ги замените со поздрави алтернативи.
Еве како да го постигнете тоа:
Кечап
Иако кечапот се подготвува од домати, тој сепак не содржи многу хранливи состојки. Во 2 лажици кечап има дури 8 грама шеќер, што секако не е здрава варијанта за често користење во исхраната.
Здрава замена: Кечап од органски домати или домашен сос од рендани свежи домати
Сос за скара
Купечкиот сос за скара содржи големо количество на шеќери и фруктозен пченичен сируп. Овие сосови бојата ја добиваат со помош на вештачки бои кои се полни со хемикалии.
Здрава замена: Домашен сос за скара од свежи состојки
Прелив за салата (дресинг)
И преливите за салата содржат шеќери, а густината ја добиваат од вештачките емулгатори и дополнителните згуснувачи. Најчесто се прават од мајонез, сенф или павлака и зачини.
Здрава замена: Прелив од маслиново масло, оцет, сенф и свежи зачини по избор.
Мајонез
Две лажици мајонез содржат околу 200 калории, а мајонезот најчесто се подготвува со соино масло кое се добива од генетски модифицирана соја што се смета дека го зголемува ризикот од дијабетес.
Здрава замена: Можете да го замените мајонезот со хумус, или пак да користите мајонез од органско потекло.
Тартар сос
Тартар сосот најчесто се прави од обичен мајонез со кисели краставички, па така овој сос ги има истите штетни состојки како мајонезот. Дополнителен проблем е што тартар сосот најчесто се сервира со пржена храна, па колку и да е вкусен, не е здрава опција.
Здрава замена: Пробајте да го замените купечкиот тартар сосот со домашен тартар сос, од мајонез направен од органски состојки.
М. В. | Црнобело