10 тајни на рестораните за брза храна кои вработените не сакаат да ги знаете
Секој човек знае што е и каков вкус има брзата храна. Но, она што ретко кој го знае се триковите со кои може да се послужи за да добие подобра услуга.
Како секогаш да добиете тазе компирчиња? Како да не наседнете на триковите кои се користат за да бидете погладни да потрошите повеќе пари?
1. Најдобро време за нарачување брза храна
Совршено би било доколку нарачувате во најголемите гужви. Поточно, помеѓу 11 и 13 часот на пладне, и од 18 до 20 часот приквечер.
2. Како да добиете тазе компирчиња?
Нарачајте компири без сол. Обично штом се испржи една тура компири, им се става сол. Па, за да добиете несолен помфрит, вработените ќе мора да испржат нова тура.
3. Трик со мирис
Голем дел од рестораните за брза храна намерно ги оставаат кујните отворени, за мирисот да ве привлече и огладни. Имајте го тоа на ум кога поминувате покрај нив.
4. Зошто газираните пијалаци се поевтини од останатите?
И зошто во оброците се вклучени само газирани пијалаци? Бидејќи слатките, газирани пијалаци го стимулираат апетитот.
5. Во помфритот има преку 19 состојки
Главната секако е компир, меѓутоа покрај него има уште неколку масти, адитиви и збогатувачи на вкус.