Како да го проверите квалитетот на храната која ја консумирате секојдневно?
На многумина им се случува да отворат некој вид храна и кога ќе го видат, да им изгледа чудно, но да не се сигурни дали може да се јаде.
Постојат многу начини на кои може да се провери квалитетот на производите, но повеќето се покомплицирани и бараат стручност.
Сепак, издвојуваме неколку производи за кои, со помош на овие совети ќе можете и сами да проверите.
Пилешко
Забележете ги белите вени и широките масни наслаги. Тоа значи дека кокошката е хранета со хормонски суплементи. Исто така е важна и бојата на месото – пилешкото треба да биде со розoва боја.
Мед
Црпнете од теглата мед и видете како ќе капе надолу. Неквалитетниот мед ќе капе наизменично, ќе се стеснува, па ќе се шири. Квалитетниот мед ќе паѓа со силен млаз и ќе формира дебел и густ слој.
Кога медот има вкус на карамела значи дека е претходно загреван и има присуство на вештачки шеќер.
Замрзнати зеленчуци и овошја
Бирајте ги оние производи кои имаат малку мраз и „снег“ на нив.
Риба
Кај застарените риби, очите и жабрите се со темна боја. Свежите риби се сјајни и без слуз.
Месо
Кога бирате месо, притиснете го со прстот – свежото месо е еластично и брзо се враќа во оригиналната форма.
Ако месото во внатрешноста е темно, тогаш има вештачки додатоци.
Уште еден трик: Ставете го месото на салфетка – свежото месо не испушта многу течност и траги од крв.
Зеленило (билки)
Земете свежи билки во рака. Ако премногу висат од страните, бојата им е многу темна и стеблото им е предолго, тогаш најверојатно се вештачки одгледувани.
Сладолед
Ставете го сладоледот во една чинија. Неквалитетниот сладолед ќе се топи долго време, а потоа ќе се претвори во проѕирна локва. Квалитетниот сладолед е мек и ќе се стопи, но ќе ја задржи кремастата структура.
М. М. | Црнобело