Тетрапак сокот се држи за ќошињата: 9 работи кои често ги правите погрешно

Животот е комплициран, но тоа не значи дека е предоцна да можете да си го направите барем за трошка поедноставен.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-01.jpg

Можете да почнете со неколку едноставни трикови:

Отворање на чипс

Нема потреба да трошите дополнителни садови, сè што треба да направите за да уживате во чипсот е да го отворите пакувањето, со рацете од доле да почнете да го туркате чипсот нагоре заедно со фолијата сè додека не направите импровизиран сад од самата кеса.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-1.jpg

Како да држите чаша вино?

Ако ја држите чашата за стаклото каде се наоѓа пијалакот истиот само брзо ќе ви се стопли. Држете ја за рачката со малиот прст исправен за рамнотежа.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-2.jpg

Сечење на леб без трошки

За да не правите трошки, лебот треба да го сечете така што долниот рамен дел ќе го ставите нагоре, како на илустрацијата.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-3.jpg

Храната стои топла ако ја чувате во долниот дел од рерната

Ако готовата храна ја чувате во рерната, само ќе ја препечете, па дури постои можност и да ја изгорите, без разлика на тоа што рерната повеќе не работи. Долниот дел на рерната е намерно направен за да се чува храната и да биде топла подолг период.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-4.jpg

Сокот се пие со држење на краевите

Детето не може секогаш да одржува рамнотежа на работите кои ги држи во раце, а за да не си ја извалка облеката, кажете му да го држи сокот за краевите.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-5.jpg

Како правилно се ставаат саламите и кашкавалите на леб?

За совршен сендвич, парчињата кружни салами и кашкавали се сечат на половина и се ставаат такашто на крајот од лебот се поставува рамниот, пресечен дел.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-6.jpg

Како да го засилите звукот од мобилниот?

За звукот да биде погласен од мобилниот, истиот ставете го во стаклена чаша. Веднаш ќе забележите разлика.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-7.jpg

Како се поставува тоалетната хартија на држач?

Оваа тема е контроверзна за многу луѓе, но сепак, правилен начин за поставување на тоалетната хартија е страната за влечење да биде поставена кон вас.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-8.jpg

Каде се става парфем?

За мирисот подолго време да трае, добро е да ставате позади ушите и на вратот, таму каде телото побрзо се загрева и побрзо се шири мирисот.

cashata-vino-ja-drzite-za-stakloto-9-sekojdnevni-raboti-koi-gi-pravite-pogreshno-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg