Како да одбирате совршено зрели егзотични овошја?

Сигурни сме дека ви се случило да одберете овошје кое на прв поглед убедени сте дека ќе биде сочно и вкусно заради изгледот, но подоцна сфаќате дека сте направиле грешка.

kako-da-odbirate-sovrsheno-zreli-egzoticni-ovoshja-01.jpg

За да не ви се случи тоа, послужете се со следниве совети кога одбирате егзотично овошје:

Калинка

1. Лушпата треба да биде црвена, без темни дамки.

2. Зрелата калинка е секогаш потешка од незрелата. Ако имате пред вас две овошја со идентична големина, одберете го потешкото.

3. Калинката не треба да биде мека на допир, бидејќи тоа значи дека била смрзнувана.

4. Врвот на калинката не треба да биде зелен.

kako-da-odbirate-sovrsheno-zreli-egzoticni-ovoshja-1.jpg

Ананас

1. Ананасот не треба премногу да мириса, бидејќи тоа значи дека е презреан.

2. Исто така, ако го притиснете и тоа остава вдлабнатина, тоа значи дека е презреан. Зелената боја не мора да значи дека не е зрел, во прашање е каква врста на ананас имате пред вас. Кога одбирате ананас треба да одберете овошје кое има еднолична боја насекаде.

3. Листовите на зрел ананас се темно зелени и потемнети на краевите.

kako-da-odbirate-sovrsheno-zreli-egzoticni-ovoshja2.jpg

Манго

1. Мангото може да биде зелено,жолто или црвено, зависност врстата на овошје. Затоа по боја не можете да знаете дали е зрело мангото, туку според тоа дали има темни точки на лушпата.

2. Цврстото манго секогаш е незрело. Треба да биде меко, но не премногу меко.

3. Зрелото манго има сладок речиси силен мирис.

kako-da-odbirate-sovrsheno-zreli-egzoticni-ovoshja-3.jpg

Папаја

1. Главниот знак на зрела папаја е жолтата или портокалова лушпа.

2. Најзрелото овошје има униформна боја насекаде, но морате да обрнете внимание и на мекоста - ако лушпата е премногу цврста, тоа значи дека станува збор за незрела папаја.

3. Темните точки се знак на презреаност.

kako-da-odbirate-sovrsheno-zreli-egzoticni-ovoshja-4.jpg

Авокадо

1. Зрелото авокадо може да има од кафеава до темно зелена боја.

2. Семката внатре ќе ја слушнете како се поместува, ако авокадото е зрело.

3. Притиснете го авокадото, ако вдлабнатината се враќа, авокадото е зрело, ако останува после притискањето, тоа значи дека е презреано.

kako-da-odbirate-sovrsheno-zreli-egzoticni-ovoshja-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg