Важноста на млечните производи наспроти брзата и нездрава храна
Модерниот и брз начин на живот, динамичното секојдневие, стресот и недостигот на време станаа најчестите оправдувања и виновници број 1 за нашата физичка и здравствена состојба. Постојано сме во потрага по совршениот баланс за здрав начин на живот, но одново и одново не успеваме да ја пронајдеме вистинската формула. И си велиме, од следниот понеделник!
Со денешниот интензитет и начин на живот, кога одвај успеваме да си најдеме време сами да си приготвиме храна, ја одбираме за нас поедноставната опција – брзата храна, која секогаш нè асоцира на добар и вкусен оброк. Но како да забораваме дека брзата храна не ги содржи потребните витамини и избалансирани состојки неопходни за нормално функционирање на нашиот организам. Таа не само што е штетна за нашето и за здравјето на нашите деца, туку последните истражувања велат дека на децата кои почесто јадат брза храна им се развива помал коефициент на интелигенција бидејќи таа директно влијае и на развојот на мозокот.
Кога станува збор за децата, кај нив е од исклучителна важност да се внесуваат и дополнителни витамини, па токму затоа се препорачуваат намирници кои се збогатени со потребните витамини. Добар пример е Битолското витаминско млеко кое содржи 10 витамини и наедно е првото македонско трајно млеко препорачано од Здружението на педијатри на Македонија.
Не е непознато дека исхраната на децата и адолесцентите е од огромно значење и за нивниот правилен психофизички раст и развој, и ако сакате вашето дете да биде силно и здраво, сметајте дека треба да јаде риба и пилешко месо, млеко и млечни производи и корисни маснотии.
Млеката богати со белковини, јаглехидрати и млечни киселини се неопходни за идеално избалансирани оброци на секоја возраст. На пример, една чаша Битолско млеко содржи протеини, калциум и витамини, а е добиено од најквалитетно млеко од специјално избрани фарми. Неговото богатство од споменатите хранливи состојки претставува дневна доза здравје за сечиј организам.
Особено е важно и адекватно да се внесува и калциум, фосфор и железо, затоа што од нив ќе зависи изградбата на правилниот и здрав коскен систем и нема да се појавува анемија, која станува сè почеста во денешно време. Коските се развиваат и се засилуваат до 30-тата година, а тинејџерската возраст е најважна за развивањето. Така, витаминот Де, калциумот и фосфорот се најважни за нивното развивање и тинејџерите треба да внесат од 800 до 1.000 милиграми калциум дневно. Најбогатите извори за внесување калциум и фосфор кои постојат во природата се токму млекото и млечните производи, па сосема е доволно да се испие половина литар млеко за да се задоволи потребното дневно количество.
Во таа насока, и свежото млеко повторно станува хит во светот кој сè повеќе се применува и во Македонија. Светските трендови се во корист на консумацијата на свежо млеко заради неговата хранливост, што го потврдуваат и најновите научни истражувања кои откриваат дека свежото млеко овозможува многу здравствени бенефити. Имено, експертите велат дека свежото млеко е богато со неколку есенцијални хранливи материи, како калциум, фосфор, протеини, јаглени хидрати и витамини А, Бе и Де, а Битолското свежо млеко е вистински одговор за потребниот внес од овие состојки. Тоа е и термички обработено со пастеризација, со што се отстрануваат дури 99,9% од присутните микроорганизми. На овој начин млекото целосно ја задржува биолошката и хранливата вредност, па затоа е препорачано од голем број научници и врвни светски нутриционисти.
Еден од најчестите проблеми кои се јавуваат при зголемено внесување брза и нездрава храна е, секако, и зголемената тежина. Кога зборуваме за овој проблем и за избалансирана исхрана, никако не треба да се изостават и јогуртите, како белите, така и функционалните јогурти. Покрај големиот број нутритивни предности, во добра комбинација тие може да претставуваат и замена за оброк што, секако, влијае на витката линија.
На крајот, согледуваме дека на нашето тело и здравје треба да им го посветиме неопходното внимание кое го заслужуваат. Пиците, хамбургерите, помфритот и сл. се можеби едноставна опција за деновите кога навистина немаме време, но тоа треба да се повеќе исклучоци отколку правила. Така, дури и кога времето не ни дозволува да приготвиме домашна храна, можеме потребното количество јаглехидрати, масти, протеини и витамини барем да го компензираме со доволен внес на квалитетно млеко и млечни производи.