Колку време смее да ја чуваме храната замрзната?

Замрзнувањето на храната го спречува развојот на бактерии, затоа таа би требала да биде сигурна за консумација без разлика колку долго била во замрзнувач. Но, искуството покажало дека по одреден период, намирниците го губат својот вкус и текстура. 

kolku-vreme-treba-da-ja-cuvame-hranata-zamrznata-01

Па, колкав период може да издржи храната без се случи тоа?

- Дивечот може да опстои 3-4 месеци, јагнешкото и телешкото до 9 месеци, а свинско до 12 месеци. Пилешко месо на парчиња може да издржи 1 година, додека крилцата, батаците и другите делови од птиците можат да бидат до 3 месеци максимум.

- Јазикот, белите дробови и бубрезите можат да бидат употребливи до 4 месеци, а свежите хамбургери, неварени колбаси и хот дози до 2 месеци.

- Мрсните риби како сардина и лосос можат да издржат до 3 месеци, а немасните – дупло. Термички необработени школки можат да стојат 2-3 месеци, раковите до 10 месеци, а морските плодови од конзерва околу 2 месеци.

- Сирењата и кашкавалите исто така можете да ги ставите во замрзнувач, но најмногу до 6 месеци. Маргаринот може да стои 3 месеци повеќе од сирењето, а може да замрзнете и млеко кое може да издржи 6 месеци.

- Купениот сладолед може да го чувате според инструкциите на кутијата, а домашниот до 2 месеци.

- Кога зборуваме за овошје и зеленчук, здравите природни плодови можат да издржат замрзнати дури 8 месеци до година дена. Имајте на ум дека не се препорачува замрзнување на намирници со високо количество на вода во нив – како краставиците и јагодите, затоа што по одмрзнување тие се претвораат во каша.

- Домашните и купените сокови се уште еден продукт кој може да го замрзнете, секако ако не се во стаклени шишиња затоа што истите ќе се распрснат на ниски температури.

Tемпературата на замрзнувачот треба да биде подесена на -18 Целзиусови степени, а секоја храна треба да биде во цврсти пластични пакувања и правилно распоредена.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чаеви за рамен стомак (и побрз метаболизам) Овие чаеви ја намалуваат желбата за благо, ја зголемуваат енергијата и го забрзу...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Храна што треба да ја јадете почесто во зима (помага во борбата со настинките) Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор ...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...
Празнична магија на трпезата: Креативни идеи за декорирање на храната Ладна даска во вид на елка и венец, снешковци од варени јајца и новогодишна елка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg