14 трикови кои ќе ве направат скара мајстор пред гостите

Конечно е тоа време од годината кога денот е топол и долг, па имате време да направите скара со пријателите и да испиете некое пиво повеќе од вообичаено.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-001.jpg

Целодневните забави во двор или некоја блиска викендица се омилената летна активност на многу генерации. Но, само затоа што ги правите секое лето, не значи дека сте усовршени.

Секогаш постои можност да научите нешто ново и следниот пат да станете омилениот скара мајстор меѓу пријателите и гостите:

1. Салатите послужете ги во големи стаклени тегли со капак. Така никогаш нема да мавтате за да ги избркате мушичките и мувите.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-01.jpg

2. Покријте ги пијалаците со хартиени корпи за колачи за да не ги штитите постојано од бубачки.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-02.jpg

3. Ако ви треба забавно разладување за пијалаците, користете стаклен сад и балони со вода.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-03.jpg

4. Како пивата секогаш да ви бидат на дофат и ладни истовремено:

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-04.jpg

5. Означете ги чашите за да го избегнете непотребното валкање на дополнителни садови.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-05.jpg

 6. Премачкајте ја скарата со кромид пресечен на половина за месото да не се залепи.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-06.jpg

7. За подобар вкус рибата задолжително печете ја врз парчиња лимон.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-07.jpg

8. Проширете ги хоризонтите кога се работи за храна на скара - можете да ставите зеленчуци и овошје наместо да ги сечкате како салати.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-08.jpg

9. Совршени плескавици ќе направите ако меленото месо го стиснете со две идентични пластични капачиња (пример, од големо пакување кисела павлака).

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-09.jpg

10. Додатоците и сосовите секогаш може да ги послужите во калапите за мафини, наместо во милион мали чинии.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-10.jpg

11. Послужавникот со кашкавали и сирења е секогаш добредојдено мезе.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-11.jpg

12. Секогаш е добро да ја означите храната. Не знаете кој на што е алергичен.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-12.jpg

13. Не ги заборавајте слатките ражничи за десерт.

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-13.jpg

14. Како да направите садови за една употреба:

14-trikovi-koi-ke-ve-napravat-skara-majstor-pred-gostite-14.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи) Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...
Порции од врвни ресторани во светот – од нив нема да се најадете, но ќе платите за искуството Какви специјалитети се служат во рестораните со Мишелин ѕвездички? Погледнете ка...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Маслиново масло или маслинки - што е поздраво и кои се придобивките? Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg