Доволно е да каснете само 7 ореви дневно. Ефектот е неверојатен
Оревите имаат двојно повеќе полифенол од сите останати јаткасти плодови. Полифенолот е силен антиоксиданс кој се бори против оштетување на клетките предизвикано од разни болести.
Јаткастите плодови како што се бадемите, кикириките, ф’стаците и индиските ореви исто така се богати со незаситени масни киселини, витамини и протеини, но научниците и нутриционистите тврдат дека проблемот е во тоа што луѓето не ги консумираат доволно.
„Наша препорака е дека луѓето би требало да каснат само 7 ореви дневно“.
Претходните истражувања покажуваат дека оревите може да ги намалат знаците на стареење и го штитат срцето од секакви болести и неколку облици на рак.
Откако е откриено дека се потребни само 7 ореви за здраво срце, овие плодови се прогласени за суперхрана богата со многу антиоксиданси.
Покрај тоа содржат и здрави влакна, витамини, протеини и минерали кои исто така помагаат во развојот на мозочните функции.
Се препорачува да ги јадете свежи, непечени, во спротивно се намалува нивната ефикасност.
Уште еден мит во кој сите веруваат, посебно жените, е дека оревите дебелеат заради мастите кои ги содржат. Меѓутоа, во оревите има здрави масти кои може да ви помогнат да ослабете затоа што подолго го одржуваат чувството на ситост.