3 видови појадоци кои треба да ги избегнувате
Појадокот се смета за најважен оброк во денот, од кој се добива најмногу енергија. Но, не е сеедно што јадете за појадок.
Тоа мора да бидат одбрани производи, ако не сакате да предизвикате спротивен ефект.
Постојат 3 видови појадоци кои треба да ги избегнувате:
1. Овошни сокови и јогурти
Иако на нив пишува дека се 100% природни, купечките сокови се полни со шеќери и адитиви. Ваквиот пијалак ќе ви даде само моментална енергија, но и брзо ќе ви ја одземе. Подобро е да земете вистинско овошје кое има хранливи влакна или незасладен пробиотски јогурт кој го подобрува варењето и го одржува желудникот.
2. Пекарски производи
Печивата, крофните и вкусните тестенини кои ги купуваме во пекарите се вкусни и брзо заситуваат но и тие содржат многу сол и адитиви, а мала нутритивна вредност. Тестото тешко се вари во организмот и создава тежина во желудникот. Ако веќе сакате да појадувате некое печиво, одберете го она од цели житни зрна, зачинето со млечен намаз.
3. Ѕидарски појадок
Овој појадок најчесто се состои од масна и калорична храна како јајца, бел леб или салама и мајонез. Освен ако навистина не работите физичка активност, при која ќе ја потрошите наталожената храна, ваквиот појадок, подобро да го избегнувате. Големите количини масти го спречуваат организмот да ги добие потребните витамини, минерали и влакна, па затоа е подобро да одберете нешто полесно, како тост лепчиња и шолја чај.