Лек на вашиот прозорец: Како да одгледувате ѓумбир во домашни услови?
Ако вашиот живот не можете да си го замислите без ѓумбир, тогаш обидете се истиот да го одгледате токму на вашиот прозорец. Така ќе заштедите пари, но и секогаш ќе имате свежи коренчиња за да си подготвите чај.
Ѓумбирот е корисен за зајакнување на имунитетот и е ефикасен лек во борбата против вирусните инфекции. Во исто време, тој може да биде и скапо задоволство, па затоа е најдобро да го одгледувате во својот дом и секогаш да уживате во неговите бенефиции.
Во домашни услови, ѓумбирот се чувствува многу добро. Најважно е да знаете дека периодот на вегетација на оваа билка трае од 8 до 10 месеци, а коренот на ѓумбирот се сади од февруари до март.
Садењето се состои од неколку чекори:
1. Пред да го посадите, потребно е да го пробудите коренот. Ставете го во слаб раствор од вода и пермаганат (се продава во аптеки) и оставете го да постои неколку часа. Потоа, ставете го во најлонска кеса додека коренот не добие очи, како компирот.
2. Откако тоа ќе се случи, поделете го коренот на неколку делови, со тоа што секој од тие делчиња мора да има добро развиена пупка.
3. Деловите засадете ги во плитки, но широки саксии наполнети со земја, хумус и песок во однос 1:1:1/2.
4. Првите листови треба да се појават за 1-2 месеци, а во подобрите услови тие можат да достигнат и до 1 метар.
На есен штом лисјата изумрат, извадете го коренот, исчистете го од земја и чувајте го на суво место. Еден дел од корените можете да го користите за лекување или како зачин во храна, а другиот дел да го сочувате до следната сезона и одново на ист начин да го посадите.