Ова е пијалокот со кој ќе ослабете веднаш!
Зошто да се мачите да правите комплицирани шејкови или пак да одите во теретана кога слабеењето може да ви биде лесна активност со само еден пијалок од кој бројчето на вагата за краток период значително ќе се намали?
Пијалокот со кој ќе ослабнете веднаш е чај и тоа не каков бил, исклучиво зелен или црн чај кои во себе содржат природни состојки меѓу кои е кофеинот кој ја покачува вашата енергија и на тој начин ги согорува калориите без никаква физичка активност.
Овие чаеви може да ги најдете во која било аптека или поголем супермаркет, а доколку сè уште се двоумите дали да започнете со нивно консумирање би требало да знаете дека истите освен што ќе ви помогнат да ослабнете, исто така ќе ви го нормализираат крвниот притисок и ќе го намалат ризикот од остеопороза, рак и дијабетес.
Исто така докажано е дека со пиење на две шолји од овие чаеви дневно ви се подобрува расположението и концентрацијата во текот на денот.
Се препорачува да се пијат без шеќер со лимон или лажица мед која ќе го разблажи неговиот горчлив вкус на кој ќе се навикнете со подолготрајна консумација.
Доколку го консумирате секојдневно, бидете сигурни дека ќе изгубите околу 5 килограми за само две недели, а за поголем ефект и зацврстена кожа може да одвоите два дена неделно во кои ќе пешачите или ќе возите велосипед.
Пробајте, нема што да изгубите освен некое килце!