Киселата зелка е чувар на имунитетот
Некои ја сакаат, некои не, но киселата зелка дефинитивно е едно од најздравите јадења зимно време кое го чува нашиот имунитет.
Без разлика дали ви е повкусна како зачинета салата, потпечена како подварок или свиткана како сарма, добро е барем еднаш неделно да ја консумирате.
Таа ги содржи најважните елементи за одржување на биолошката рамнотежа на организмот. Има ниска енергетска вредност и претставува вистинска ризница на витамините Ц, А, Б1 И Б2, како и минерали на калциум и калиум.
Една чаша расол и салата од зелка е најдобра терапија за постпразничните денови, оптоварени со тешки и калорични јадења.
Освен витамини и минерали, киселата зелка содржи и бактерии, млечни киселини, слични на заштитните бактерии во желудникот кои ја одржуваат рамнотежата на цревната флора, го регулираат метаболизмот и предизвикува исфрлување на токсинит.
Помага при работата на мозокот и ги чуваат менталните функции, здравјето на срецето и коските, како и создавањето на црвените крвни зрнца. Благодарение на цинкот, зелката го штити и нашиот имунитет.
Доколку се јаде почесто, ја решава и анемијата, несоницата, депресијата и нервозата. Спречува авитаминоза, ја лечи слузокожата на органите за варење, додека расолот помага кај хроничниот запек.
За да се овозможи добра работа на цревата доволно е да се земат 2-3 лажици расол пред секој оброк.