Корисно: 12 кујнски тајни кои сигурно не ги знаевте

Иако многу од жените мислат дека се искусни домаќинки, добрите и корисни совети никогаш не се вишок.

korisno-12-kujnski-tajni-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-01.jpg

Овие трикови без сомневање ќе ви заштедат време и пари.

1. За шампањот повторно да запени

Ако шампањот престана да се пени, не го фрлајте. Во него ставете едно зрно суво грозје и природните шеќери ќе направат чудо.


2. Максимално искористете го лимонот

Ако ви се потребни само неколку капки лимон, не го сечете на половина затоа што на тој начин брзо ќе се исуши. Наместо тоа, избушете го со дрвена чепкалка и исцедете неколку капки.


3. Отстранете ги бубачките

Ставете еден ловоров лист во сад со брашно, тестенини или ориз за да се ослободите од бубачките.


4. За сирењето да не се исуши

Премачкајте го со путер или маргарин таму каде што го исековте. На тој начин сирењето и кашкавалот ќе ја зачува влажноста.


5. За зеленчукот да биде покрцкав

Кога ротквиците или морковите ќе ја изгубат крцкавоста, само ставете ги во чинија со ледена вода и парче свеж компир.

korisno-12-kujnski-tajni-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-03.jpg

6. Забавете го зреењето на бананите

Никогаш не ги одвојувајте бананите ако не ги консумирате во моментот. Кога ќе ги одвоите, многу побрзо се расипуваат.


7. Спречете го развојот на бактерии во млечните производи

За павлаката да не ви се расипе, садот во кој ја чувате свртете го наопаку и ставете го во фрижидер. Така ќе создадете вакуум кој го спречува развојот набактериите.


8. Спречете го кристализирањето на медот

Медот не може да се расипе, но може да се кристализира. Но, не го фрлајте. Наместо тоа ставете го во микро печка околу 30 секунди на умерена температура и уживајте во чистиот мед.


9. Спречете го стврднувањето на тестенините

За да го спречите стврднувањето на сварените тестенини, ставете ги во кеса па во фрижидер. Пред да ги послужите само провријте ги неколку минути во вода за да им се врати влажноста.


10. Ако млекото ви претече

За да се ослободите од вкусот и мирисот на загорено ставете во него прстофат сол. Солта ги неутрализира мирисите и вкусовите.


11. За побрзо созревање на овошјето

Ако сакате некој плод побрзо да созрее, ставете го во хартиена кеса со една јаболка. Јаболката ослободува етен кој го забрзува созревањето на останатото овошје.


12. Спасете ја загорената тава

За да ја спасите тавата потребно е само да ставите малку сода бикарбона и 4-5 лажици сол, а потоа ставете вода додека не го покриете загорениот дел. Оставете ја течноста да отстои преку ноќ, а наутро отстранете ги остатоците со жица.

korisno-12-kujnski-tajni-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg