Бабински рецепт против кашлица
Доколку грипот или обичната настинка ве уловиле и вас оваа зима, наместо апчиња и други антибиотици зошто да не испробате еден од бабинските рецепти кои се базирани на природни состојки?
Освен што грипот или настинката за краток период ќе ве напуштат, вашата кашлица предизвикана од нив која ве дразни секој ден и е неподнослива веднаш ќе исчезне.
Овој бабински рецепт против кашлица и грип е составена од 3 состојки и вреди да се испроба.
Потребни ви се 250 грама сиров мед, 60 милилитри маслиново масло и три исцедени лимони.
Измешајте ги состојките во тенџерче додека не зовријат, а потоа оставете да се излади. Добиената смеса ставете ја во тегла која добро ќе ја затворите. Чувајте ја на студено место или во фрижидерот неколку денови, а постоа консумирајте 2 до 3 супени лажички дневно.
Доколку сакате може да ја комбинирате и во омилениот чај без шеќер, кашлицата значително ќе се намали, а по неколку денови сосема ќе исчезне.
Рецептот може да се искористи и за обична алергија.
Пробајте и споделете го резултатот во коментари!