Ја знаете ли разликата помеѓу мандарините и клементините?
Клементините се сметаат за хибрид на мандарините, а растат на подрачјето на Медитеранот и во Јужна Африка.
Затоа што навидум изгледаат идентично, клементините многу тешко се разликуваат од обичните мандарини.
Прва разлика по која ќе ги забележите клементините е лесното лупење од кората. Покрај тоа има мал и мазен цитрусен плод со интензивно портокалова боја, со точно 8 сочни и слатки делови без семки.
Важно е да знаете дека клементините се помалку отпорни на ниски температури, а плодовите се многу послатки за разлика од мандарината која е за нијанса покисела.
Имаат прилично изразена портокалова боја и созреваат некаде околу декември.
Сепак, имајте на ум дека само 100 грама клементина има околу 47 калории кои можете да ги согорите со 13 минути одење, 5 минути џогирање или 7 минути возење велосипед.