Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате

Česnečka – Чешка

Ова е чешка супа со кромид, за која локалците целат дека е најдобриот лек за мамурлак.

Покрај кромид, во супата се додаваат компири, кромид и традиционални зачини.

Се служи со рендан кашкавал и крутони, слично како и француската супа од кромид.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-07.JPG

Gulyás – Унгарија

Можеби препознавате дека станува збор за гулаш, специјалитет што е мошне познат и кај нас и на Балканот, а потекнува од Унгарија.

Традиционално, унгарскиот гулаш се прави со говедско месо, многу пипер, како и кромид, бабури, зеленчуци како компир, а во некои места се додаваат и домати.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-08.JPG

Rosół – Полска

Оваа полска супа се прави со разни видови месо, но најчесто со пилешко.

Сепак, бидејќи супата е бистра, не се користи свинско месо.

Месото секогаш треба да биде со коска, а се вари со разни зеленчуци, како моркови, целер и печурки.

Се зачинува со сол, бибер и ловоров лист, а на крај се додава магдонос и фиде.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-09.JPG

Youvarlakia – Грција

Ова е грчка крем-супа со ќофтиња од говедско месо кои се зачинети со разни свежи зачини.

Кремастата текстура на супата е од сосот кој се прави со жолчка од јајце и лимонов сок кој се додава на крајот.

Супата најчесто се јаде со леб, како главно јадење.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-10.JPG

Грав – Македонија

Варениот грав е популарно јадење во скоро сите балкански држави, но ние си имаме и наши рецепти.

Покрај тавче-гравче, кај нас доста популарен е и варениот грав, во кој се додаваат кромид и моркови, но и зачини како ловоров лист, сол и бибер.

najvkusnite-supi-i-chorbi-od-zemjite-shirum-svetot-shto-treba-da-gi-probate-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg