Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго?
Лук
АКо ви останат чешниња лук, ставете ги во пластична ќеса со ливчиња каков било чај и сол.
Чајот и солта ќе ја впиваат влагата, па ќе им го продолжат рокот на траење на чешнињата лук.
Марула
За марулата да биде свежа подолго, завиткајте ја со хартиен бришач и ставете ја во зип ќеса.
Важно е да го менувате бришачот секој ден за подобро да ја впива влагата.
Тиквички
Најпрво, немојте да ги миете тиквичките ако не ги јадете.
Пред да ги ставите во фрижидер ставете ги во зип ќеса која нема да ја затворите целосно.
Кромид
Наместо да ги чувате во фрижидер, ставате ги главиците кромид во чорапи од најлон.
Подврзете го горниот дел и закачете ги на темно место.
Морков
Најпрво исечете го зелениот дел, за да не им ги „краде“ водата и хранливите материи на морковите.
Потоа ставете ги во зип кеса, па во фрижидер.
Пченка
Немојте да ги отстранувате листовите на пченката додека не ја готвите бидејќи тие ја одржуваат свежа.
Свежата пченка чувајте ја во фрижидер, но немојте да ја затворате во кеса.
Спирова С. | Црнобело