Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго?
Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте ги на суво и темно место, како шкафче или шпајз, наместо во фрижидер.
Летото е сезона на лубеници, пченка, тиквички и безброј други овошја и зеленчуци.
Единствен проблем е како да ни траат подолго.
Неколку трикови што ќе ви помогнат во ова:
Лубеница
За да ви трае подолго, немојте одеднаш да ја сечете целата лубеница или да ја отстранувате кората бидејќи ѝ ја задржува свежината.
Можете да ѝ го продолжите рокот на траење ако ја завиткате во најлонска фолија.
За да трае уште подолго, ставете две-три лупени чешниња лук врз лубеницата пред да ја завиткате во фолија.
Сепак, со овој трик имајте на ум дека на местата каде што ја допира лубеницата, лукот може да испушти малку вкус.
Компири
Немојте да ги чувате компирите на исто место со кромид бидејќи така ќе се расипат побрзо.
Исто така, не ги чувајте во фрижидер бидејќи на ниски температури, скробот во нив може да се претвори во шеќер и да им го промени вкусот.
За да ви траат долго, чувајте ги компирите на темно и суво место, како шкафче или шпајз, во хартиена ќеса, мрежа или во гајба.
Праски и нектарини
Веројатно имате забележанo дека праските и нектарините од продавница не се целосно созреани.
Ако сакате да останат незрели подолго, тогаш ставете ги во фрижидер.
Ако сакате да созреат побрзо, треба да ги чувате на собна температура.
Домати
За доматите важи истото правило како за праските и нектарините – ако сакате да траат подолго, ставете ги во фрижидер.
Ако сакате да ги јадете побрзо, чувајте ги на собна температура.
Кога ги чувате во фрижидер, ќе им го продолжите рокот ако ги извадите гранчињата и ги наредите доматите во сад свртени наопаку.
Модар домат
Модриот домат треба да биде одвоен од другите намирници.
Пред да го ставите во фрижидер, завиткајте го во хартиен бришач кој ќе ја задржи влагата и ќе го спречи венењето.