Кој е најздравиот начин да ги консумирате прехрамбените продукти (за да не ги уништите витамините)?
Јаболко
Јаболката се јадат со лушпа. Таа е полна со антиоксидансот кверцетин кој има позитивно влијание врз работењето на срцето и мозокот.
Исто така, лушпата на јаболкото е одлична за намалување на нивото на холестерол во организмот и со тоа ве штити од срцеви болести.
Јајца
Познато е дека варените јајца се здрави, но прекумерното изложување на температура може да уништи некои од нивните здрави состојки.
Затоа јајцата е најдобро да бидат меки, односно да не се преварени.
Кромид и лук
Кромидот и лукот е најдобро да бидат исечкани затоа што на тој начин се ослободува супстанцијата алицин, која го засилува имунитетот и го штити телото од болести.
Исто така, кромидот и лукот содржат сулфур, кој секогаш треба да се комбинира кога консумираме храна што е богата со железо и цинк, како што се телешкото и мисиркиното месо, или црн дроб.
Мешунки и грав
На сите ни е јасно дека мешунките и гравот се мошне тешки за варење во организмот.
Заради тоа е неопходно прво да се потопат производите и да отстојат неколку часа во вода пред готвење, за минералите што ги содржат да бидат полесни за варење.
Зелен зеленчук
Брокулата, авокадото, спанаќот и другите вакви зеленчуци треба да се јадат свежи.
Високата температура ги уништува витаминот Ц, фолната киселина и витамините Б1 и Б5.
На пример, свежиот спанаќ има трипати повеќе витамин Ц од зготвениот, а ако не сте во можност да ја консумирате брокулата свежа, тогаш најдобро е да ја омекнете малку на пареа.
Б. С. Б. | Црнобело