Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот)
Воопшто не користите масло
Многумина ги сакаат овие апарати бидејќи го намалуваат консумирањето масло за јадење.
Но, не значи дека не треба воопшто да користите масло.
Многу малата количина масло нема да направи разлика во калориите и масите на храната, но значително ќе го подобри вкусот.
Ставате многу мали парчиња храна
Многу малите парчиња можат да пропаднат низ дупките на садот за готвење.
Покрај тоа, колку помала е храната, толку побрзо ќе се зготви, па се зголемува ризикот да изгори.
Не внимавате со мрсната храна
Кога готвите храна што испушта масти, како сланина, потрудете се да го заштитите уредот за подоцна да си го олесните и чистењето.
Најдобро е да ставите соодветна хартија за печење или соодветен сад за печење за една употреба кој ќе ги собере мастите.
Готвите секаква храна во него
Овој уред сепак не е погоден за буквално секаква храна.
Избегнувајте течно тесто (како за палачинки), како и храна со премногу кашкавал кој може да се растече.
Не е препорачливо ни да го користите за многу големи парчиња месо со коска идејќи нема да се зготват рамномерно како во рерна.
Кога се сомневате дека нешто е погодно за во Air Fryer, најдобро изгуглајте.
Спирова С. | Црнобело