10 јапонски кулинарски трикови (од кои многу можеме да научиме)
Вишокот ориз никогаш не се фрла
Јапонците никогаш не фрлаат ориз. Најчесто ќе го завиткаат во фолија и ќе го стават во замрзнувач со цел да го стоплат во микробранова печка.
Ако оризот стоел премногу долго време и се стврднал, тие ќе го измијат, ќе му додадат нишесте и ќе направат топчиња, кои ќе ги сварат и ќе ги сервираат со сос.
Јајцата се сервираат живи
Јапонците веруваат дека со приготвувањето се уништуваат голем број корисни состојки на јајцето, па затоа речиси секогаш ги послужуваат живи.
Таму постојат мошне ригорозни контроли за квалитетот на јајцата, па затоа жителите на оваа земја речиси и да не се плашат од салмонела.
Селектирање на доматите со помош на тест
Ние најчесто од око или со допир ги селектираме доматите за салата и за готвење, но Јапонците имаат трик што им помага точно да ја утврдат намената на зеленчукот.
Тие ги ставаат доматите во сад со вода. Ако доматот потоне, тоа значи дека е благ и вкусен и треба да се користи свеж, а ако плови на површината, тогаш треба да се употреби за готвење.
Корисен трик за чување лимони
Дури и ако го завиткате лимонот во фолија, тоа нема да спречи тој да се исуши до следната употреба. Јапонците, пак, лимонот пресечен на половина ќе го стават во чаша со вода со пресечената страна надолу.
Широчината на чашата треба да биде колку широчината на лимонот за тој да не пропадне внатре, туку да се држи на страните. На овој начин, лимонот ќе добива влажност и подолго време ќе остане свеж.
Шпагетите се чуваат во старо пластично шише
За да ги заштитат шпагетите од влага, Јапонците ги чуваат во старо пластично шише со капаче.
Не само што на овој начин тестенините ги заштитуваат од влажност, туку шишето им служи и за мерење на порциите. Низ отворот од капачето можат да поминат тестенини само за една порција.
Б. С. Б. | Црнобело