Зеленчук и овошје што најчесто го сечеме погрешно (и несвесно му го менуваме вкусот)
Не ги фрлајте семките од лутите пиперчиња
Наместо да ги фрлате семките од лутите пиперки, можете да ги зачувате и со нивна помош да им дадете пикантен вкус на оброците што ќе ги подготвувате во иднина.
Јаболкото се јаде од врвот
Најчесто сите го загризуваме јаболкото отстрана, но за да имате што е можно помалку остатоци со средината, најдобро е јаболкото да почнете да го јадете од врвот.
Првпат треба да гризнете што е можно поблиску до делот кај „круната“.
Јапонско јаболко
Јапонското јаболко се јаде најлесно, ако прво ја отстраните рачката, а потоа го исечете на половина и со лажичка ја јадете само средината.
На овој начин ќе избегнете да ги извалкате рацете со лепливите јапонски јаболка, а лесно ќе ги остраните семките.
Ѓумбирот се лупи со лажичка
За да ја отстраните само лушпата, а да не го сечете и здравиот корен од ѓумбир, најдобро е да го лупите со лажица, а не со нож.
Кромидот за салата се сече со ноже за лупење
Ако ви требаат парчиња кромид за салата, наместо да се мачите со обичен нож, можете да искористите ноже за лупење. Пресечете го кромидот на половина и потоа со ноже за лупење ќе можете да исечкате тенки парченца кромид за салата.
Прочитајте и Не земајте риба со силен мирис и уште 8 совети како да изберете свежи намирници
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





