Намирници кои траат „вечно“, но им се менува вкусот по неколку месеци (и не треба да ги јадете)
Чај
Чајот може да биде добар и до една година откако ќе ја отворите амбалажата.
По овој период, маслата во него „застаруваат“, па чајот ќе има лош вкус.
Кафеав шеќер
Кафеавиот шеќер ќе се стврдне по околу четири месеци откако ќе го отворите.
Но, може да ви трае подолго ако го чувате во добро затворен сад што не пропушта воздух.
Конзервиран зеленчук
Обично мислиме дека конзервираната храна навистина трае вечно.
Иако можеби храната нема да се расипе, по околу година-две ќе почне да ѝ се менува вкусот.
Маслиново масло
И на маслиновото масло му се влошува вкусот по неколку месеци, па и порано ако е изложено на светлина и топлина.
Интегрален ориз
За разлика од белиот, интегралниот ориз трае многу пократко – едвај шест месеци.
По ова не е препорачливо да го јадете.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





