8 грешки поради кои не можете да ослабете (дури и кога вежбате и држите диети)
Многумина се убедени дека прескокнувањето оброци е одлична стратегија за слабеење. Но, прескокнувањето на ручекот ќе ве направи многу погладни, па за вечера ќе внесете многу повеќе калории.
Ако сакате да ослабете, важно е да знаете и што е добро за вашиот организам. Некои „трикови“ за слабеење можеби ќе ви дадат брзи резултати, но ќе ви предизвикаат низа здравствени проблеми.
Покрај тоа, кога ќе престанете да ги следите овие лоши правила, килограмите ќе ви се вратат, некогаш и двојно.
Доколку внимавате на исхраната и вежбате, но не гледате резултати, можеби правите и некоја од следниве грешки:
Го прескокнувате ручекот
Многумина се убедени дека прескокнувањето оброци е одлична стратегија за слабеење.
Но, во реалноста, со ова можете да го постигнете токму спротивниот ефект.
Најпрво, прескокнувањето на ручекот ќе ве направи многу погладни, па за вечера ќе внесете многу повеќе калории.
Истовремено, прескокнувањето оброци има негативно влијание врз метаболизмот и може да го забави. Ова, пак, дополнително ќе ви го отежни слабеењето.
Ги избегнувате сите јаглехидрати и масти
Јаглехидратите и мастите се неопходни за нашиот организам. Она што е важно е да не претеруваме со нив.
Јаглехидратите се гориво на нашиот организам, па ако целосно ги исфрлите од исхраната можете да чувствувате симптоми како главоболки, замор и слабост.
Мастите се извори на важни масни киселини кои телото не може да ги произведе само. Истовремено, мастите помагаат во апсорпцијата на витамините А, Д и Е.
Ако целосно ги исфрлите, ќе почувствувате симптоми на недостаток од овие витамини.
За да ослабете, препорачливо е да јадете храна со комплексни јаглехидрати и незаситени масти.
Јадете многу авокадо
Иако авокадото е богато со хранливи материи и му годи на организмот, не треба да заборавите дека има и многу масти и калории.
Едно авокадо со средна големина има околу 240 калории, како и 3 грама заситени масти.
Па, ако пробувате да ослабете, немојте да јадете повеќе од половина авокадо на ден.
Ако го консумирате поретко (два-трипати неделно) тогаш е безбедно да изедете и цело.
Не вежбате правилно
За да забележите резултати, навистина е важно и како вежбате.
Ако одите во теретана, секогаш е добро да се консултирате со тамошните професионалци.
Ако вежбате дома, препорачливо е да одвоите не повеќе од 150 минути неделно за кардио и аеробни вежби.
Истовремено, важно е да правите вежби за зајакнување на мускулите, но да не се форсирате - околу два-трипати неделно.