8 грешки поради кои не можете да ослабете (дури и кога вежбате и држите диети)
Целосно го исфрлате шеќерот од исхраната
И шеќерот е состојка којашто му е потребна на организмот.
За да ослабете, само внимавајте да не јадете многу слатки и да не пиете многу пијалаци со шеќер, но во ред е во умерена количина.
Исто така, не е препорачливо да го заменувате шеќерот со вештачки засладувачи.
Ретко излегувате на сонце
Сончевата светлина е неопходна за производството на витаминот Д. Недостатокот од овој витамин, пак, може да предизвика дебелеење.
Затоа, потрудете се секој ден (кога е сончево) да излезете надвор. И, секако, не заборавајте да ставите крем со заштитен фактор.
Не внесувате доволно магнезиум
Слично како недостатокот од витамин Д, и недостатокот од магнезиум може да предизвика дебелеење.
Магнезиумот ја намалува отпорноста на инсулин. Па, ако го нема во доволни количини и организмот стане отпорен на инсулин, се зголемува гликозата во крвотокот.
Ова предизвикува дебелеење, замор и други проблеми со здравјето.
Претерувате со природните засладувачи
Како што спомнавме, не е препорачливо да го заменувате шеќерот со вештачки засладувачи, но не треба да претерате ни со природните.
Не заборавајте дека и медот има многу шеќер, па бидете умерени.
Спирова С. | Црнобело