Караѓорѓева шницла од Србија и уште 9 највкусни специјалитети од похувано месо од земјите низ светот
TasteAtlas често прави рангирања на најдобри или најлоши храни низ светот, а овој пат се одлучи да направи рангирање на највскусни рецепти за похувано месо. Кои специјалитети се најдоа на листата на првите 10?
Похувањето на месото потекнува од Источна Европа, особено во земји како Полска, Украина и Белорусија.
Во Македонија имаме похувани пилешки прсти, пирошки и други јадења и знаеме дека ова се јадења кои се прават со користење на различни парчиња месо, како свинско или пилшеко месо, кои потоа се пржат додека не станат крцкави и златно кафеави.
Во продолжение е листата од TasteAtlas:
Milanesa napolitana - Аргентина
Говедско похувано месо со доматен сос, шунка и топено сирење. Тоа е популарна храна во Аргентина и Уругвај.
Milanesa - Аргентина
Може да се направи со користење на различни видови месо, вклучувајќи говедско, пилешко и телешко месо, а често се служи со пире од компири, салата или помфрит.
Tonkatsu - Јапонија
Свинско похувано месо кое често се служи со ориз, зелка салата и сос од тонкацу.
Wiener Schnitzel - Австрија
Традиционална австриска шницла која обично се служи со компири, салата од краставици или џем од шумска брусница.
Chicken Kyiv - Украина
Похуван пилешки стек кој се комбинира со пире и цвекло или зелка салата.